Одбраната бара целосен увид во доказите, одложена по трет пат главната расправа за модуларната болница

0
56

И третото судско рочиште каде во тетовскиот основен суд требаше да започне судската расправа за модуларната болница се одложи. Одбраната побара целосен увид во доказите на Јавното обвинителство

Судијата Јордан Велков ја донесе одлуката, откако третообвинетиот доктор Бобан Вучевски, дојде без својата одбрана, а останатите обвинети пак побараа препис од доказите во електронска форма.

„Вучевски вашата одбрана не е задолжителна, не можеме да го одложуваме секој месец рочиштето. Јас ќе ве замолам да обезбедите адвокатот. Ако не го обезбедите, тогаш секако ќе започне главната расправа, ова серозно сватете го , оти секое одлагање создава трошоци, истакна судијата Јордан Велков

Одбраната и на прво и на второбвинетиот посочи дека мора да ја знаат целата содржина од предметот, за да можат да бидат подготвени

Од Јавното обвинителство одговорија дека целиот доказен материјал и во електронска форма е доставена до судот и преписот може да им ги испрати оваа институција.

Првобвинетиот Флорим Бесими, истакна дека најважно е да започне процесот, за што поскоро да се дознае вистината

Флорим Бесими како и Артан Етеми кој беше раководно лице во болницата, се товарат за кривично дело, тешки дела против општата сигурност, а трето обвинетиот доктор Бобан Вучевски, за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Обвинение има и за правното лице Клиничка Болница Тетово за кривични дела,предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Инаку обвинителството во октомври минатата година го објави извештајот на ОКТИВ при МВР. Со вештачењето се утврди дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска.