Околу 1500 повици дневно на бројот за итни случаи 112. Но 80% од нив се лажни, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Според него има и такви кои се јавиле по грешка, ненамерно. Ангелов во извештајот што го презентираше денеска, рече дека овој центар порано не функционирал доволно, и дека со неговото доаѓање многу нешта се смениле иако, како што додаде, потребно е постојано подобрување на работите.