Општината која е во доглови ќе ги субвенционира тетовските јавни претпријатија

0
56

Општина Тетово се уште тоне во големи долгови. 23 милиони евра должат локалната самоуправа и јавните претпријатија. Кризата, но и затезните камати од претходно направениот долг се пречките, поради кои не можеме да го отплатиме долгот, вели градоначалникот Биљал Касами. Најави краткорочни и долгорочни мерки за спас на ЈКП Тетово, кое поради загуби, на вработените со години им доцнат платите. Единствено ЈП „Градски паркинг“ работи со позитивно салдо.

Јавните претпријатија во Тетово со години работаат со загуби, а општината која е во долг од 23 милиони евра, ќе ги субвенционира. Градоначалникот Биљал Касами вели дека вработените од ЈКП Тетово ќе почнат да земаат навреме плати, откако советот ќе изгласа субвенции за ова јавно претпријатие, по примерот на Тетово Транспорт, кое исто без помошта од Општина не може да функционира.

Кризата, но и затезните камати од претходно направениот долг се пречките, поради кои не можеме да го отплатиме долгот на општината, но и на јавните претпријатија, вели Касами. Успеавме да го намалиме долгот за околу 1 милион евра, но позитивно е што се подбрува наплатата на даноците

За состојбата во Општина Тетово, Касами ја искритикува централната власт, која како што рече наместо да помага, постојано ни врши опструкции и притисоци.