ПРЕД 28 ГОДИНИ БЕШЕ ЕМИТУВАНА НАЈГЛЕДАНАТА ХУМОРИСТИЧНА ЕМИСИЈА К15

0
337

На денешен ден, пред точно 28 години, беше емитувана првата епизода на македонската хумористична емисија „К-15“.

 

Духовитите фрази и конверзации на ликовите Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишкибргу станаа дел од популарната култура кај нас, а кратките хумористично-сатирични скечови беа најгледаната програма во сабота навечер.