Србите се повлекуваат од сите институции на Косово – поднесени неотповикливи оставки

0
68

Неотповикливи оставки на своите функции денеска поднесоа градоначалниците на четирите мнозинско српски општини во Северно Косово, советниците, пратениците во Косовското собрание, судиите, обвинителите, вработените во администрацијата во обвинителството и судството, како и припадниците на Косовската полиција во регионот север.

Соопштувањето на оваа одлука на прес конференцијата на Српската листа беше проследено со гласен аплауз од присутните , додека полицајците пред телевизиските камери ги соблекоа и униформите кои ги носеа.

Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, изјави дека оваа одлука била едногласно донесена на денешниот состанок во Звечане.