СРБИЈА И КОСОВО ПОСТИГНАА ДОГОВОР, КОЈ ЌЕ СПРЕЧИ ПОНАТАМОШНИ ЕСКАЛАЦИИ

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, синоќа преку Твитер соопшти дека преговарачите на Србија и Косово договориле мерки за да се избегне натамошна ескалација на состојбите околу спорот со регистарските таблички.

„Србија ќе престане да издава регистарски таблички со имињата на градовите на Косово, а Косово ќе ги прекине понатамошните активности поврзани со пререгистрацијата на возилата“, додаде Борел.

“Имаме договор. Со големо задоволство можам да соопштам дека главните преговарачи на Косово и Србија, со посредство на ЕУ, договорија мерки за избегнување на понатамошна ескалација и целосно концентрирање на предлогот за нормализација на нивните односи“, напиша Борел.