Трагично заврши планинарската тура на Шара, загина планинарот од Белгија

0
66

Трагично заврши планинарската тура на Шара на двајцата планинари. Едно од лицата паднало во провалија длабока шестотини метри, откако претходно со неговиот другар залутале меѓу врвовите Бакардан и Титов Врв. По пријавата, екипи на ЦУК и специјалци на МВР пристигнале на местото. Телото поради непристапниот терен било извлечено дури утринава со хеликоптер. Во акцијата бил ангажиран алпинист, кој успеал да спаси припадник на ЕБР, кој при синоќешната интервенција паднал во провалија.

Во акцијата повреден е и началникот на СВР Тетово, кој заедно со припадникот на ЕБР, пренесени се во тетовската болница.

Од полицијата велат дека јавен обвинител, нивни екипи извршиле увид се расчистува и документира случајот.

„Случајот е пријавен вчера во ЦУК, во 17 часот и 30 минути. 24-годишник од Куманово пријавил дека движејќи се со уште едно лице, негов пријател, кон Титов Врв, околу половина километар пред да се искачат, другото лице паднало од карпа во бездна и се повредило, но дека поради непристапниот терен и маглата Ф.Н. не можел да види за какви повреди станува збор и практично да му помогне“, соопштија од СВР Тетово.

На Шара речиси секоја година планинари, кои не го познаваат теренот залутуваат, а пределот кај Титов Врв е доста ризичен. Се работи за месност со повеќе планинарски врвови, под кои има големи провали и до 1.000 метри

Лани седуммина чешки планинари залутаа на Шар Планина, во месноста Лешница, еден од нив се здоби со тешки повреди.