ФОТО: Вандали го уништија инклузивното детско игралиште во Тетово, не издржа ни два дена

0
83

Инклузивното детско игралиште поставено во рамки на „Жена паркот“ во Тетово не издржа ниту два дена.

Вандали ја искршиле рампата на еден од детските реквизити, уништена е таблата, а на некои од реквизитите нацртани графити.

Тетовци кои ја користат оваа локација за одмор и прошетка, а пред неколку дена доаѓаат со децата кои му се радуваа на инклузивното игралиште, зачудени за свеста на дел од граѓаните, кои речиси сите се со голема доза на критика кон општинските власти, што е и оправдано, но ако нешто се изгради и постави во полза на сите нас, веднаш се уништува.

„Сите бевме свесни дека ова тука нема долго да издржи, но никој не ни помисли дека некој за два дена ќе ги крши и уништува реквизитите. Не знам што народ ќе беше ова. Нема никакво воспитување, особено тинејџерите, кои одат во средно школо, се нишаат и лизгаат на реквизитите кои се за деца најмногу до 10 – годишна возраст. Култура нема никаква. И ние сме биле млади, младост и лудост, што се вели, но не сме правеле вакви пакости. Треба општеството, особено образованието да поведе поголема сметка да се подигне и еколошката, но и моралната свест на децата, оти вака не оди работата, изјави една тетовка, кои со своите две внучиња беше на инклузивното игралиште во рамки на „Жена паркот“.

smart
smart

Но и „Жена паркот“ не е во подобра состојба. Таму реквизитите и за деца, но и за возрасни или ги нема или се уништени. Паркот пред неколку години се реконструираше и доби нов лик. Но, сега голем број од клупите се уништени, не се чисти и не се коси тревата редовно.

„Ова е единственото паркче во градот, друго нема, општината го намести, тоа е за поздравување, но сега не го одржува. Ние пензионерите тука се собираме наутро, нема каде на друго место, но треба да се одржува, затоа што местото многу е посетено“, вели еден пензионер

smart

Веднаш до „Жена паркот“ се наоѓа „Скејт паркот“ изграден и дониран од невладини организации. Но,според фотографијата подолу, се гледа дека и од ова парче рекреативно место, градските власти дигнале раце. Смет има низ целата површина.

Тетово освен „Жена паркот“ и неколку мали зелени површини во централното градко јадро, нема слободен простор за одмор и рекреација. Засега Иницијативата „Тетово сака парк“ која предложува локациите на поранешната фабрика „Шик Јелак“ „Монопол“ како и делот околу градската спортска сала и поранешниот спортски центар, да се пренамени во градски парк, нема конкретна подршка од општинските власти.

smart

Презеено од Слободен печат