АРСОВСКА: ГО ПОДРЖУВАМ ПРАВОТО НА ПРОТЕСТ, НО СЕГА НАЈМНОГУ ШТЕТИ ТРПАТ ГРАЃАНИТЕ

0
24

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска иако како што рече го поддржува правото на протест, сепак според неа, со одлуката приватните автобуски превозници да блокираат улици, како што рече, штета најмногу трпат граѓаните.

Според неа, и во вакви околности кога приватните автобуски превозници одбиваат да возат, сепак ЈСП „Скопје“ како што рече се обидува да ги покрие сите линии.

– ЈСП „Скопје“ на почетокот на мандатот работеше со 140 исправни автобуси , во овие 12 месеци се ставија во функција дополнитеен број на автобуси и сега има 270 автобуси кои се исправни. Доколку некој решил да го опструира јавниот интерес нека му служи на чест. Си има договорни обврски, а некој не ги почитува. Некој престана да вози во интерес на граѓаните и со тоа договорите се раскинати. Ќе си има нов јавен повик на кој сите оние кои ги исполнуваат критериумите ќе можат да се пријават и ќе можат да ја остваруваат својата дејност чесно – вели Арсовска.

Според неа ЈСП во моментов работи и се обидува да даде што е можно поквалитетна услуга.

– Ние до сега немаме добиено ниту една опомена на тужбаод оние кои тврдат дека им се должи, затоа не сакам да се манипулира. Го поддржувам правото на протест но на овој начин штета трпат само граѓаните – децидна е градоначалничката.