АХМЕТИ: РАНО Е ЗА ДЕТАЛИ, НО СЕПАК РАЗГОВАРАМЕ СО АЛИЈАНСА ЗА ВЛЕЗ ВО ВЛАДА

0
15

Иако премиерот Ковачевски демантираше, лидерот на ДУИ Ахмети потврди дека како владејачки партии разговараат со Алијанса за Албанците за влез во власта. Ахмети вели дека за оваа тема освен премиерот и тој лично се сретнал со сопартијци на Таравари, тврди дека епилог на преговорите се уште нема, но не одговори на шекулациите дали е точно дека веќе се договара поделба на ресори и отстапување на министерства за Алијанса доколку се приклучат на владиното мнозинство.

„Беше отворена и оваа тема. Средбите со нивни претсавници ги остварив јас. Ги има остварено и Ковачевски со Таравари. Ќе видиме каков епилог ќе има од разговорите што ќе се реализираат меѓу двете страни. Се уште не е разговарано за детали, тоа е тековен процес. Ние, како Албанци имаме потреба за поголемо единство, да бидеме малку поорганизирани во насока на остварување на мисијата.

Ахмети ја искоментира и изјавата на америкнаската амбасадорка Агелер која рече дека е збунета од изборот на Абази за шеф на обвинителството за организиран криминал и корупција. Рече дека се согласува со неа за потребата од неазвисно правосудство без мешање на политиката, а тоа смета дека може да се направи преку ветинг на сите нивоа во институциите.

„Ние сме за владеење на правото, ние сме за ветинг. Партнерство со нас ќе има секој кој е посветен, одлучен за вистински ветинг и за функционирање и владеење на правото. Тоа значи дека ги забрзуваме чекорите кон членство во ЕУ, со тоа што ќе бидеме успешни во борбата против криминалот и корупцијата, но овој успех доаѓа и од вистинска проверка на сите политички и законодавни фигури, од локалната до централната власт.

По 11 часовниот маратонски состанок на раководството на партијата во Мала Речица, Ахмети изјави дека покрај партиските политики, расправале и за сработеното од нивните министри и директори. И покрај тоа што т.н. огнена група е незадоволна од високите функционери во Владата и бара оставки од актуелни министри, партискиот лидер потенцира дека на крај сите мора да го почитуваат ставот на мнозинството.