Гир: Најголемиот дел од законите кои ќе се хармонизираат со европското право ќе ги спроведуваат локалните самоуправи

0
45

Евроамбасадорот Дејвид Гир при денешната посета на Општина Гостивар истакна дека локалните самоуправи имаат голема одговорност околу скрининг процесот и пристапните преговори на Македонија со ЕУ.Повеќе од половина од законите кои треба да бидат хармонизирани со унијата, паѓа врз плеќите на општинските власти, вели Гир.

„Некаде проценката е дека околу 70 % на сите закони кои ќе треба да бидат хармонизирани со европското право паѓа врз плеќите на локалната власт за спроведување. Затоа треба да имаме дискусија со вас граѓаните и локалната власт за чекорите кои се преземени досега, но и за тоа што следува понатака. Третата цел на денешната посета е подршката на ЕУ во вашите напори околу процесот на пристапување на вашата земја кон ЕУ и да се максимизира искористувањети на финансиската помош на Европската унија за многу проекти“, рече Евроамбасадорот Дејвид Гир.

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари на евроамбасадорот Гир му се заблагодари за досегашните реализирани проекти во Гостивар со подршка од ЕУ

„Посебна чест е денеска што наш гостин е евроамбасадорот Гир с кого имавме средба. Му се заблагодарив за реализираните проекти во Општина Гостивар и ќе продолжиме со добри проекти. Раговаравме и за што поскоро Македонија да биде дел од ЕУ, рече Таравари