ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА АПАСИЕВ НЕ БИЛ ШЕРБЕЏИЈА, ТУКУ СОВЕТНИКОТ СЛАВКО МИТЕВСКИ КОЈ ЛИЧИ НА АКТЕРОТ

0
31

Знае Раде кај е силата“, напиша денеска лидерот на Левица Димитар Апасиев на фејсбук над фотографија од отворање на нова канцеларија на огранокот во Ѓорче Петров, на која всушност е човек кој не само што наликува на познатиот актер Раде Шербеџија, туку е и облечен како уметникот со светска слава. Проверките покажаа дека се работи за Славко Митевски, член на советничката група на Левица во Советот на Карпош.

Славко Митевски инаку е дипломиран професор по одделенска настава и актуелен советник во Советот на Карпош.