ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО ПОПЛАВИТЕ ВО АЛБАНИЈА

0
51

Две лица ги загубиле животите во поплавите во Голема Малесија, на северот на Албанија.

Станува збор за Пјетр Ѓока (50) и неговиот син, додека неговата ќерка се спасила. Ѓока со децата патувал со автомобил кога надојдените води го повлекле возилото. Девојката успеала да ја отвори вратата и испаднала од возилото при што на помош и пристапиле случајни минувачи. Во водите на надојдената река кај месноста „Грик Луѓе“ кај Шкрел се гледа само дел од возилото.

На местото на трагедијата се полициски сили, нуркачи, пожарникари, а се упатени и групи на специјалната единица за брзи интервенции.