Деца од тетовско украле „Голф“ и направиле сообраќајка

0
21

Вчера попладне во тетовско Сиричино, полициски службеници на СВР Тетово уапсиле двајца малолетници од Тетово, кои претходно украле автомобил „Фолксфаген Голф“, паркиран на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово и нешто подоцна предизвикале сообраќајна несреќа.

Возилото е пронајдено и вратено му е на сопственикот М.В.(51) од Тетово, а против малолетниците ќе следуваат соодветни поднесоци“ информираат од СВР Тетово

Вчера бил уапсен и 30-годишен жител на селото Чегране.

„Полициски службеници од СВР Тетово вчера околу 6 часот и 40 минути, на патот што ги поврзува тетовските села Стенче и Гургурница, го лишиле од слобода 30-годишниот С.С. од гостиварско Чегране, затоа што при преглед извршен во акциска контрола му биле пронајдени ловечка пушка „аселкон“ со 21 куршум калибар 12 милиметри за кои не поседувал дозвола, ремен за муниција и нож. Сето пронајдено му е одземено, а С.С. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци“, информираат од полицијата.