ЕСМ го презема управувањето и со топланата „Север“, соопшти премиерот Ковачевски

0
21

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека денеска треба да завршат преговорите меѓу раководствата на топланата „Север“ и ЕСМ и да потпишат договор за соработка

„Електрани на Северна Македонија“ ќе го преземат управувањето со топланата „Север“ што ги снабдува со топлинска енергија граѓаните во општините Чаир и Бутел, како и институциите, училиштата и градинките во овие општини.

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека денеска треба да завршат преговорите меѓу раководствата на топлана „Север“ и ЕСМ и да потпишат договор за соработка.

„Денеска во 13 часот раководството на топланата ‘Север’ ќе биде во ЕСМ каде што треба да ги завршат преговорите со ЕСМ, да потпишат договор за деловно-техничка соработка и да се обезбеди затоплување на граѓаните во општините Чаир и Бутел, како и на институциите градинките и школите, со оглед дека ЕСМ ќе го преземат затоплувањето и на тој дел“,изјави Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања за време на денешната посета на Кавадареччко каде што заврши изградбата на магистралната гасоводна делница.

 

И тој, како и ЕСМ претходно, ги демантира информациите дека е можно скопјани утре да останат со ладни радијатори бидејќи наводно резерви на гас има само за уште денеска, а нови набавки не се најавени.