И ОД УТРЕ СО НЕРВОЗИ, ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ НАЈАВИЈА РАДИКАЛИЗАЦИЈА НА ПРОТЕСТИТЕ

0
23

И новата недела скопјани ќе ја почнат со нервози додека да стигнат до работното место. Приватните автобуси на Слобода превоз и Макеспрес од утре се радикализираат. Во 7 часот изутрина со 30 автобуси и 300 вработени ќе ја блокираат крстосницата кај „Мавровка“ односно булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“. За решавање на проблемот утре треба да се сретнат и со Управниот одбор на ЈСП, и ако од таму не излезат со конкретно решение најавија дека во наредните денови протестот ќе се прошири и на други делови од сообраќајниците.

Препукувањето со градоначалничката Арсовска, која тврди дека приватните превозници наплаќале билети и парите не ги пријавувале, преминуваат и во правна процедура. За овие клевети, ќе бараат Арсовска да им се извини, во спротивно ќе и поднесат тужба.

Во врска со клеветите и долгот, во текот на следната недела преку адвокатската канцеларија Апостолски, ќе бидат доставени потребните поднесоци до надлежните институции.

Директорот на приватниот превозник Слобода превоз Ленин Јовановски со лично видео прикажува дека автобусите на ЈСП кои се под капа на градот, се тие кои не издаваат фискални.

И додека трае караницата на релација Арсовска – Приватни превозници, скопјани се приморани да ги користат само автобусите на ЈСП. Но, тие не се редовни во нивната траса, па сообраќајниот хаос е неизбежен, а според првиот човек на синдикатот не се доволни.

Во меѓувреме, во јавноста излегоа и информации дека утре дел од автобусите на ЈСП нема да можат да возат затоа што немале нафта, но од претпријатието остро демнатира.