КОВАЧКИ: ЗА ВОЈНИЦИТЕ И СТАРЕШИНИТЕ НЕМА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

0
20

Нема услови за живот и работа во касарната во која се наоѓа командата на најголемата единица на АРМ, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

“Во 21 век, за војниците и старешините нема вода за пиење.Високи офицери алармираат до сите институции, почнувајќи од кабинетот на трајно неспособниот премиер, народниот правобранител и Собранието на РМ.

Сите до една институции се глуви на проблемот.

Ова подолу е писмо доставено до сите пратеници во Собранието уште од месец септември.

Владејачкото мнозинство не го интересираат условите на војниците, нема закажано седница на Комисија за одбрана за да се расправа за овие катастрофални состојби, едноставно молк и игнорирање – како и до сега.

За војниците и старешините нема, но во Кабинет на МО се пие флаширана вода. До толку се грижат.

Оставка неспособни”, вели тој.