Косовската полиција од утре ќе казнува возачи, чии возила имаат таблички со назнака КМ

0
61

Kосовската полиција за Радио Слободна Европа потврди дека од 22 ноември ќе почнат да изрекуваат казни за возачите кои управуваат возила со српски регистарски таблички. Изрекувањето на казните ќе започне наутро на 22 ноември по 8 часот.

Мерката за предупредување трае до 21 ноември, по што ќе бидат изречени казните од 150 евра.

 

Според косовската полиција, оваа мерка ќе трае до 21 јануари 2023 година.

До 20 ноември, според податоците на полицијата, биле дадени околу 1.740 опомени на возачи на автомобили со српски регистарски таблички.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти утрово рано започнаа со билатерални средби во седиштето на дипломатската служба на ЕУ под медијаторство на високиот претставник за надворешна политика, Жозеп Борел.