Опожарена куќа во тетовско Одри

0
18

Во стара и руинирана куќа во тетовското село Одри вчера попладне избувна пожар. Во куќата подолг период никој не живеел, предизвикана е само материјална штета, особено во горниот кат од објектот

По пријавата за избувнувањето на пожарот, екипи на Територијалната протвипожарна единица Тетово веднаш се упатиле на лице место и спречиле пламените јазици да не го зафатат целиот објект и да не се прошират кон соседните куќи.

Селото Oдри кое припаѓа под Општина Теарце, од Тетово е оддалечено дваесетина километри. Екипите на ТППЕ Тетово интервенираат и во населени места оддалечени од градот и до 30 километри, оти нита една од петте тетовски рурални општина нема противпожарно друштво.

„Среќа е што вчерашниот пожар во Одри не беше со толку големи размери, но имало случаи додека екипата на тетовската противпожарна единица пристигне до некое село од долнополошкиот крај, пожарот да го проголта зафатениот објект. Вакви интервенции кои не завршувале со успешен крај поради далечината ги има. Спас е само во формирање на сопствени противпожарни друштва во самите рурални општини “, велат од ТППЕ Тетово