По 13 неуспешни тендери, властите најавуваат изградбата на „Чебрен“ да започне во 2023

0
48

По 13 неуспешни тендери за изградба на хидроцентралата „Чебрен“ Министерот за животна средина Насер Нуредини, очекува овој енергетски капацитет да започне да се гради на крајот од наредната година. На тендер е избрана фирма за оваа инвестиција, но нејзината понуда се уште се разгледува. Немање на стратегија и невладеењето на правото, се најголеми кочници за лошатата состојба во енеретиката и пропаднатите тендери, велат познавачите на состојбите.

Посебна комисија ќе треба да достави извештај до Владата околу понудата на компанијата за изградбата на хидроцентралата „Чебрен“.Доколку е позитивен, се очекува наредната година да биде потпишан договорот и да започне израдбата, вели министерот Нуредини. И покрај големиот број неуспешни тендери, ние не се откажуваме од Чебрен, енергетски капацитет кој е од стратешки интерес на државата.

Ресурси имаме, но за жал не се искористени поради немање стратегија и невладеење на правото, затоа и состојбата со енергетиката тапка во место, а тендерите пропаѓаат. Секој евентуален сериозен инвеститор се заминува од државата, велат познавачите на состојбите.

Инаку приватната компанија ќе треба да ги обезбеди парите за изградба на електраната, а ќе добие концесија за вода од 60 години. ЕСМ, како јавен партнер пак, ќе треба да изгради пристапен пат до хидроелектраната и поврзување со трафостаница. Се работи за енергетски капацитет од околу 330 мегавати моќност, доволно да снабди со струја до 200 000 домаќинства