Спасовски: Имаше Албанец што се пријави за„Тигрите“, ама го одбија оти не знаеше да плива

0
19

Во специјалната антитерористичка единица „Тигар“ не е важна етничката припадност, туку кандидатите мора да ги исполнуваат условите што ги предвидува оваа елитна единица“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето на „Алсат“, запрашан за застапеноста на Албанците во оваа единица.

Тој посочи и пример за еден кандидат-Албанец, кој ги поминал сите тестови за да стане дел од единицата „Тигар“, но на крајот не успеал, бидејќи не знаел да плива.

„Од сите кандидати што се појавија, само еден беше Албанец. Тој ги започна проверките и стигна до прелиминарните проверки, но бидејќи не знаеше да плива, не можеше да продолжи. Тука нема импровизации и никако не можете да направите отстапка во овој дел“, рече Спасовски.

Тој најави дека најдоцна до март следната година униформите на полицајците ќе бидат двојазични – на македонски и на албански јазик.

„Се спроведуваат сите процедури од март 2023 година полициските униформи да бидат на два јазика. Оваа регулатива стапи во сила осмиот ден откако беше донесена и ќе почне да се применува најдоцна една година од влегувањето во сила, поточно најдоцна на 26 март 2023 година“, објасни Спасовски.