ТЕТОВЕЦ СЕ ЖАЛИ: ВОЗАЧОТ КОЈ ВО СООБРАЌАЈКА ГО УСМРТИ МОЈОТ СИН ДОБИ ЗАТВОРСКА КАЗНА ОД 1 ГОДИНА

0
51

Тетовецот Екрем Рамадани чиј син Фестим Рамадани, лани на автопатот Скопје – Тетово го загуби животот во сообраќајна несреќа, се жали на пресудата на Основниот суд Тетово донесена минатата недела, во која сторителот на кривичното дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот на сообраќајот е осуден на една годишна затворска казна.

Сообраќајната несреќа се случила лани во октомври, а како што пишува во пресудата, сега веќе осудениот не се придржувал на прописите, го загрозил јавниот сообраќај и ги довел во опасност луѓето.

„Тој се движел со брзина од 105 километри на час не земајќи ги во предвид условите на патот и не го држел потребното растојание од возило – цистерна. Тој се доближил на мало растојание до цистерната, при што нагло завртел кон принудната лента за запирање и го удрил паркираното возило“, стои во дел од пресудата на Основниот суд.

Таткото на жртвата на прес конференција која ја одржа пред зградата на Основниот суд Тетово, се сомнева дека се работи за брзина од 105 километри на час и смета дека пресудата е преблага.

“На мојот син му се расипал автомобилот и застанал на принудната лента за запирање од автопатот. И наеднаш налетал сторителот со голема брзина со автомобилот и го удрил паркираниот автомобил и тоа било фатално за мојот син кој загинал на лице место. Тука во судскиот записник пишува дека возел 105 километри на час, а позади него имало камион со цистерни. Сторителот кочел околу дваесет метри и удрил во паркираниот автомобил и цистерната, со таа брзина нема потреба да се кочи 20 метри. Моите зборови воопшто во пресудата не се запишани, само неговите на сторителот.Сторителот е казнет една година затвор, усмртил човек, повредил негов колега, влегол во насока каде не треба и казнет е една година. Сега ако те фатат со алкохол, велат дека те носат од една до пет години затвор, а тука се работи за смртен случај, а пресудава е исто како тој да возел под дејство на алкохол. Оставил мојот син три малолетни деца, нема сега кој да ги рани. Јас живеам засебно со една пензија сум, со 9 000 денари, не можам да им помогнам.Барав оштета за децата, тоа воопшто не е запишано, не е земено во предвид, вели Рамадани.

За пресудата на Основниот суд Тетово, адвокатот на семејството Рамадани има поднесено жалба до Апелациониот суд во Гостивар.