Тетовката Ивона Нацевска на 22 месецов со свој оперски солистички концерт во „Националната опера и балет“

0
120

Концертот на оперската пејачка Ивона Нацевска, ќе се одржи во фоајето на „Национална опера и балет“ во Скопје со почеток во 20 часот.

Концертот е поддржан од многу фирми и компании, а како гости ќе настапат нејзините колеги оперските пејачи, тенорот Влатко Груевски, мецосопранот Мартина Аврамоска, и сопранот Биљана Дабеска.

Оперската пејачка Ивона Нацевска вели дека професијата е специфична, бара посветеност и пожртвуваност.

„Бидејќи сум сеуште млада и имам 23 години, имам многу планови за понатака поврзани со професијата како музичар и оперски изведувач“, вели Нацевска

Ивона Нацевска родум од Тетово, својот талент посветеност и љубов кон музиката го покажува од рано детство. На своја 5 – годишна возраст станува член на детскиот хор „Лале“ во Тетово, подоцна и во ГЖМХ „Менада“.

Низ нејзиното музичко образование таа зема учества на концерти и многубројни натпревари во Македонија, Србија и Бугарија.

Родена е на 12 март 1999 во Тетово и уште од најрана возраст започнува да ја изучува сериозната музика, најпрво како пијанист, посетувајќи го нејзиното „Нижо музичко училиште“ во градот, а подоцна како вокален изведувач, поттикната од големите оперски изведувачи.

Дипломирањето на Нацевска на Факултетот за музичка уметност во Скопје, е проследено со нејзин солистички концерт во фоајето на „Национална опера и балет“.

Во текот на изминативе години, Нацевска има остварено награди на меѓународни и државни натпревари.

Концерти посветени на руската романска во Софија (Бугарија), оперски гала концерт „Коста Трпков“, концерт на „Живеј со музика“, „Креативни точки“ – 2017, „Креативни точки“ – 2019, „My Way“ – 70 години на маестро Ивица Зориќ, се само дел од настаните на кои Нацевска има оставено свој белег, и кој упорно чекори и тежнее кон поголеми музички остварувања.

Таа моментално е вработена во НУ „Национална опера и балет“.

Во продолжение видео од една изведба на Ивона Нацевска