ВИДЕО: ЗАТРУПАНИ ЗГРАДИ И АВТОМОБИЛИ ВО ИТАЛИЈА ОД ГОЛЕМО СВЛЕЧИШТЕ

0
24

Спасувачките служби трагаат по 13 лица исчезнати во свлечиште на италијанскиот остров Искија, јавуваат агенциите, а министерот за внатрешни работи изјави дека засега нема потврдени жртви, демантирајќи ја претходната изјава на неговиот колега за осум загинати.

„Засега нема потврдени смртни случаи, спасувачките операции се тешки поради опасните услови“, изјави за новинарите министерот за внатрешни работи Матео Пјантедос.

 

Претходно, вицепремиерот и министер за инфраструктура Матео Салвини, исто така лидер на антиимигрантската партија Лига, изјави за новинарите во Милано дека е потврдено дека осум лица загинале во лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови. Италијанските медиуми претходно објавија дека се трага по вкупно 13 лица.

 

 

Свлечиште предизвикано од силен дожд рано наутро во саботата затрупа некои згради и автомобили, објави новинската агенција Анса. Италијанската противпожарна бригада на Твитер објави дека „во тек е потрага по исчезнати лица“ во градот Казамичола Терме на северот на островот.

Одронот повлече еден автомобил во морето, а двајца патници се спасени, додаваат пожарникарите. Казамичиола Терме, летно одморалиште со само 8.000 жители во зима, претрпе земјотрес во 2017 година во кој загинаа две лица. Истиот град бил срамнет со земја во многу силен земјотрес во 1883 година.