85 ГОДИШЕН ВОЗАЧ ОД ТЕТОВСКО СЛАТИНО СО „АУДИ“ УДРИЛ ВО ПЕШАК И ПОБЕГНАЛ, ПОЛИЦИЈАТА ЗА КРАТКО ГO ПРИВЕДЕ

0
46

Во тетовско Слатино вчера полицијата го приведе 85-годишниот Н.С. Тој претходно со патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово удрил во пешакот 62 годишнит Р.И. од Тетово и веднаш го напуштил местото. Пешакот се здобил со телесни повреди кои му биле констатирани во Клиничка болница Тетово. Се расчистува и документира случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Од СВР Тетово, велат дека чести се случаите на повредени пешаци по тетовските улици, кои завршуваат и фатално, а несовесно возачи го напуштаат местото.

 

 

 

Најчести причини за ваквите сообраќајки се неприлагодена брзина според условите на патот и недавање право на првенство на минување на пешаците.

Оттаму додаваат дека и кај голем дел од пешаците, сообраќајната култура е на многу ниско ниво.

„Само во текот на вчерашниот ден од 9 до 14 часот на поширокото полошко подрачје спроведена е акциска контрола за прекршоци што ги направиле пешаците, во која вкупно биле откриени и санкционирани 54 прекршоци.Најголемиот број од прекршоците се однесувале на преминување надвор од обележани премини. На прекршителите изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби. Покрај тоа, тие ќе бидат повикани и на таканаречена сообраќајна поука“, соопштија од СВР Тетово.