Бадникарска литија на 6 јануари во Тетово, бадникарски поворки и во Брвеница и во Вратница

0
26

По две години пауза на Бадник, 6 јануари, повторно ќе има Бадникарска литија со исполнување на песната „Вечниот Бог”, најавуваат од тетовското архиерејско намесништво при Македонската православна црква.

Оттаму порачуваат дека заинтересираните треба да дојдат дента во соборниот храм Свети „Кирил и Методиј” во Тетово од каде ќе тргне литијата со почеток во 10:15часот.

Возљубени браќа и сестри, со благослов на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, после литургијата во Соборниот Митрополитски храм Свети Кирил и Методиј во Тетово со почеток во 10:15 часот на 6 јануари 2023 година ќе започне Бадникарската поворка. Поворката ќе започне од Соборниот храм, а ќе заврши на плоштадот во Тетово, каде што ќе настапува триото Шербет. Во пресрет на Рождеството Христово Ве покануваме да ги донесете Вашите деца и учеството да биде што помасовно. На тој начин и сите ние ќе учествуваме во радоста на Витлеемската ноќ и заедно со ангелите ќе пееме : „Слава на Бога во Висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја, порача епархискиот ѓакон Илија Деспотовски.

Бадникарски поворки ќе се одржат и во Брвеница и во Вратница. Во Тетово прв пат се одржа Бадникарска литија во 2017 година, а поради пандемијата не се одржа во 2021 и 2022 година.