ВИДЕО: ЕКСПОЛОЗИЈА ВО ЗГРАДА ВО ТУРЦИЈА, СЕ БРОЈАТ ПОВРЕДЕНИТЕ

0
40

Најмалку шест лица се повредени во експлозија на котел за греење во станбена зграда во Шаниурфа во областа Акчакале во Турција.

Експлозијата се случила утрово, а од јачината се урнал таванскиот дел од подрумот, и се искршиле прозорците.

Повредените се пренесени во болница, но не се во животна опасност.