„Готвачот на Путин“ Евгениј Пригожин призна вмешување во изборите во САД

0
30

Рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин призна вчера дека се вмешувал во изборите во САД и порача дека ќе го прави тоа и во иднина. Ова е првото признание за нешто за што Западот долго време обвинува, а доаѓа од личност што беше обвинета од официјален Вашингтон за обиди за влијание во американската политика, јави Ројтерс.

Во коментарите што службата за односи со јавноста на „Конкорд“, фирма за кетеринг на Пригожин, објавени на руската социјална мрежа „ВКонтакте“, Пригожин признава вмешаност и вели дека тоа и понатаму ќе се случува.

Се вмешавме (во изборите во САД), сега сме вмешани и ќе продолжиме да се вмешуваме. Внимателно, прецизно, хируршки, и на наш начин, бидејќи добро знаеме што правиме, се вели во коментар.

Коментарот е објавен ден пред „парламентарните“ избори во САД, односно изборот за нови членови на Претставничкиот дом и на Сенатот, а е одговор на прашање од еден руски онлајн медиум.

Во нашите прецизни операции, ќе ги отстраниме одеднаш и бубрезите и црниот дроб, вели Пригожин без дополнителна сугестија за значењето на мистериозната порака.

Пригожин честопати го нарекуваат „готвачот на Путин“, бидејќи неговата кетеринг-фирма има договор за снабдување со Кремљ. Тој е формално обвинет за спонзорирање на руските „трол фарми“ што се обидуваат да влијаат на политиката во САД.

Во јули, Стејт Департментот понуди награда од 10 милиони долари за информации за Пригожин во врска со „вклученост во вмешувањето во изборите во САД“. Пригожин е под санкции од САД, ЕУ и Велика Британија.

Сѐ до војната во Украина Пригожин не беше многу присутен во јавноста, но стана погласен во текот на војната, а честопати ги критикуваше постигањата на руските генерали.

Во септември призна дека ја основа платеничката организација „Вагнер Груп“, која е активна во Сирија, Африка и Украина.

Во петокот „Вагнер Груп“ отвори технолошки одбранбен центар во Санкт Петербург.

 


Овој напис е изработен во рамките проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.