ЗАГИНА ТИНЕЈЏЕР ВО НАСЕЛБАТА КОЗЛЕ, ВОЗЕЈЌИ СКУТЕР НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА

0
39

Синоќа во скопската населба Козле се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина младо момче на скутер. Неофицијално, во сообраќајката учествувале мотоциклистот и два автомобила „цитроен“ и „мини купер“. Според сѐ уште непотврдени информации, жртвата е тинејџер, момче на возраст од 15-16 години.

Брза помош веднаш интервенирала, но не успеале да го спасат момчето, чиј идентитет и точна возраст не е позната.

Повеќе детали за оваа трагедија се очекуваат во текот на денот.