ИЗИГРАНИ НАЈГОЛЕМИТЕ ДОВЕРИТЕЛИ, ВРАБОТЕНИТЕ НА МЕДИЦИНСКА ПЛАСТИКА, 16 ГОДИНИ ЧЕКААТ ЗАОСТАНАТИ ПЛАТИ ПРИДОНЕСИ И ИСПЛАТА НА АКЦИИ

0
24

Вработени на поранешната фабрика „АД Медицинска пластика“ од Тетово се собраа пред влезот на објектот, да го искажат револтот од како што велат, неправдата која ја трпат повеќе од една деценија, објави СП.

Фабриката е затворена во 2006 година, а стечајната постапка завршена 6 години подоцна.

Но и по повеќе од една деценија, не добиле нити денар од акциите кои ги поседуваат, ниту пак им се исплатени триесетте заостанати плати и 5 години работен стаж.

Пред медиумите, изјавија дека се работи за 560 поранешни вработени, на кои треба да им бидат исплатени 2 милиони евра, со што се и најголеми доверители. Фабриката, односно објектите и дворното места од над 88 декари разбравме дека се продадени, како може нешто да се продаде без да се исплати долгот, велат поранешните вработени.

„Одиме по судови и по адвокати 16 години откако е затворена АД Медицинска пластика. Сега моментално имаме сознанија дека фирмата се продава на некого, која претходно е купена за 300 000 евра, а сега е продадена за 5 милиони евра. Ние не бараме социјална помош од државата, туку бараме да ни се овозможат правата и да ни исплати тоа што е наше. Сме штрајкувале и сме се обраќале до сите, но голготата наша продолжува. Го повикувам претседателот и премиерот, сега е почнат скринингот за во ЕУ, а бидејќи се стремиме за во ЕУ, на овој начин не може да се оди во ЕУ, по итно да се отвори постапка за овој случај, ова е организира криминал. Ние продолжуваме да си ги бараме правата преку судови, но никој не ни врти глава, оти има тежок криминал. Секаде сме се обратиле. по приватни адвокати. Кога се продава фирма, прво се исплаќа долгот на вработените а после тие можат да манипулираат и да продаваат, изјави Верица Ивановска поранешна вработена

Михајло Илиќ, кој речиси целиот работен век го поминал во „АД Медицинска пластика“ вели дека се одело тактички фабриката намерно да се затвори. Се создаваше вештачка криза, вработените остана без плати, немавме избор и решивме сите да потпишеме вонсудска спогодба.Но, во таа спогодба јасно пишува дека треба да ни се исплати тоа што ни се должи, но од тоа нема ништо и до ден денес, вели тој. Има и приватни тужби, поради неизвршување на спогодбата, тие кои што тужеја добија, но бадијала, парите не и им се исплатени, вели Илиќ.

„Во моментот кога отиднавме во стечај имаше 5 доверители. Во тој момент обврските кон вработените беа околу 2 милиони евра, значи ние бевме најголеми доверители. Дојдовме до момент кога воопшто не можевме да работиме и не натераа некако да потпишеме вонсудска спогодба. Секој тоа го потпиша со обврска на раководството, дека по три години ќе ни ги врати парите.Стечајниот управник работел како работел. Постоеше можност фирмата да работи, откако отиднавме во стечај.Имаше некои погони кои можеа да работат, намерно не се работеше. Во моментот на стечај имаше огромни залихии, сето тоа се продаде, рачунајте колку е фирмава украдена“, рече Илиќ

Дел од вработени, најавија протести и други чекори, се додека не го добијат тоа што е нивно.