КОВАЧЕВСКИ: КРИЗАТА ЈА ГЛЕДАМЕ КАКО ШАНСА ЗА НАПРЕДОК

0
22

Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски беше на лидерскиот самит на Западен Балкан на Европските социјалисти и демократи во Виена, при што кажа дека на кризата гледа како шанса за напредок и создавање подобар стандард за граѓаните.

„Ова е нова фаза, каде што кризата ја гледаме како шанса за напредок и создавање на подобар животен стандард. Потребен ни е економски развој“, вели премиерот

Ковачевски посочи дека главниот фокус е ставен на создавање на подобро платени работни места и притоа во Македонија во првите девет месеци од 2022 година се отвориле над 2.000 работни места.