КОРУМПИРАНИ ФУНКЦИОНЕРИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДАТ „ЛОВЕНИ“ ОД СПЕЦИЈАЛЕН ТИМ ОД ВАШИНГТОН

0
31

Низата скандали во правосудството го вкучија алармот во САД. Тим за санкции пристигна во Македонија и ќе ги чешла сите актуелни и поранешни корумпирани лица во земјава и ќе бара одговорност.

Ова преку социјалната мрежа Твитер го соопшти амбасадорката Анџела Агелер, еден ден откако за претседателка на Судскиот совет беше избрана Весна Дамева.

„Тимот за санкции од Вашингтон е тука за поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги, гонење за да се покаже дека никој не е над законот.“ – изјави Анџела Агелер амбасадорка на САД во РСМ.

ТВ 24 праша во Владата и Министерството за правда како ја коментираат објавата на Агелер, дека тим за сакнции ќе се обиде да се справи со правосудството во Македонија. Од Владата молк, а од Министерството само кратко одговорија:

„Министерството за правда не го коментира твитот.“ – велат од Министерство за правда.

Пред нецел месец, Агелер реагираше на изборот на Ислам Абази за прв човек на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупција кој има лични познанства со челниците на ДУИ, за што таа посочи дека е збунета, бидејќи САД потрошиле милиони долари на обука на обвинители.

Иако од таму немаа реакција за доделувањето на државјанство на укранскиот олигарх Олександр Онишченко, кој се наоѓа на црната листа на САД и посочија дека став треба да се бара од институиите во Македонија, реакција дојде од евромбасадорот Дејвид Гир, кој побара професионалност во институциите во случајот.

Преземено од ТВ 24