Македонски натпреварувачи во зимските спортови испишуваат историја

0
98

За прв пат во историјата на ски спортови во Македонија, нашата претставничка Ана Цветановска освои бодови на Светскиот куп кој се одржа на 17ти и 18ти декември во Давос – Швајцарија. Младата македонска скијачка Ана Цветановска на натпреварувањето на Светскиот куп во две дисциплини освои 18 бодови, со што ја издигна Македонија на 22то место на светската ранг листа

Ова се први освоени бодови на македонски натпреварувач на Светски куп. Покрај Ана, учество зема и Ставре Јада кој исто така постигна одлични резултати.

Првото место го освои Надин Федрих од Швајцарија, второто американката Џеси Дигинс, а третото место и припадна на швеѓанката Јохана Хангстром.

“Презадоволни сме од освоените бодови во Давос. Целта за оваа сезона ја остваривме уште на самиот почеток во август, кога Ана и Ставре ги постигнаа најдобрите ФИС бодови во историјата на македонското нордиско скијање. А сега, ги освоивме и првите бодови во рамки на Светскиот куп. Во моментов можеме без оптоварување да влеземе во вториот дел од зимската сезона, но извесно е дека очекуваме нови успеси на големите натпреварувања.” – изјави тренерот Борче Јовановски.

Точка.мк