Нови дојави за бомби во осум средни училишта во Скопје

0
23

Попладнево се примени дојави за поставени бомби во осум скопски училишта.

Меѓу седумте училишта се гимназиите „Јосип Броз-Тито“, „Никола Карев“, „Орце Николов“, „Раде Јовчевски-Корчагин“, но и средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.

Екипи на Министерството за внатрешни работи (МВР) се пристигнати во посочените објекти и моментно постапуваат по пријавите.