Приведен 60 годишен гостиварец за обљуба

0
30

Полициски службеници на СВР Тетово вчера го лишиле од слобода 60-годишниот гостиварец З.М., кој еден час пред тоа бил пријавен од 64-годишна гостиварка дека во август годинава во неговиот стан во Гостивар извршил обљуба на нејзината 39-годишна ќерка. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Полицискиот билтен регистрира сообраќајна несреќа во Гостивар. Возач управувајќи Мерцедес удрил во две паркирани моторни возила при што повредил три лица

„Ноќеска по полноќ, во СВР Тетово пријавена е сообраќајна несреќа која се случила во гостиварската населба Млаки, а во која учествувало патничко моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 25-годишниот С.С. од гостиварско Речане, кое удрило во две паркирани товарни моторни возила со гостиварски ознаки „форд“ и “фиат“. Во несреќата, сопатникот од „мерцедесот“ И.Б.(23) од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди, а другите два сопатника Ф.Ш.(20) и Љ.И.(21) од Швајцарија телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. соопштија од СВР Тетово