РЕКАТА РАДИКА УРНА МОСТ ОТСЕЧЕНИ 5 СЕЛА ВО ГОРНОРЕКАНСКИОТ КРАЈ

0
32

Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, на 16 декември урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше), соопшти АМСМ.

Локалните притоки на река Радика поради надојдените води беа излеани на главниот пат од Бошков мост до село Жировница на неколку места. Имало одрони од земја и камења во близина на манастирот Бигорски и од страна на екипи на Македонија Пат се исчистени. Помеѓу селата Ростуше и Јанче водата донела големи наслаги од земја и кал кои со машини на Македонија Пат и од општината се санирани. Од надојдените води на Рибничка река, оштетен е мостот на Рибничка река, кој се наоѓа на 20 км од на патот за село Нистрово, и со тоа целосно се одсечени 15 семејства од селата Тануше, Жужња и Рибниште. Алтернативен пат има со коњи или пешки, преку мостот во близина на месноста Пилана, на патот Маврово – Дебар“ – информира ЦУК.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. На патниот правец крак Маврово – Маврови Анови, поради појава на магла, видливоста беше намалена до 10 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.