СЕ ОСТРАНУВА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО КАДЕ ЖИВИ ИЗГОРЕА 14 ЛИЦА

0
29

Конечно започна да се остранува модуларната болница во Тетово, која лани во септември изгоре, а животот го загубија 14 лица. Болницата повеќе од една година стоеше како нем сведок за ужасната трагедија, За утре во тетовскиот суд е закажано трето судско рочиште за овој случај.

Половина од модуларната болница е демонтирана. Се очекува до крајот на оваа недела, фирмата изведувач остатоците од објектот да ги транспортира.

По изјаснување на Основното јавно обвинителство Тетово, дека изгорениот објектот повеќе не претставува материјален доказ, започнавме постапки за отстранување на истиот, посочија од Клиничката болница Тетово

„Законските рокови се веќе истечени, фирмата која го доби тендерот на постапката за јавна набавка и согласно договорот ги изведува работите на терен.За време на викеднот, доколку се оди според планот, веруваме дека работите ќе бидат завршени“, соопштија од Клиничката болница Тетово.

За случајот со модуларната болница во тетовскиот суд, досега се одложија три судски рочишта.

Инаку обвинителството во октомври минатата година го објави извештајот на ОКТИВ при МВР. Со вештачењето се утврди, дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска.

Обвинети се три физички е едно правно лице. Се товарат за тешки дела против општата сигурност како и за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија