СЕ ПЛАНИРА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТ ЗА ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ТЕТОВО, ЗА ДА НЕ УЧАТ ОДВОЕНО ОД СОУЧЕНИЦИТЕ АЛБАНЦИ

0
26

Општина Тетово планира да гради објект кај старата спортска сала од централниот објект на Гимназијата Кирил Пејчиновиќ, кој ќе биде наменет за учениците кои следат настава на Македонски наставен јазик.

Информацијата ја потврдија од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово.

Целта е велат да нема повеќе сегрегација на учениците гимназијалци по етничка линија кои сега учат одвоено, Албанците во централниот објект на гимназијата, а Македонците во двата објекти познати како стара медицина.

„Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами има план да се изградат училници кај централниот објект на гимназијата, за да не се делат децата. Претходните локалните власти имаа некој проект за изградба на доградба или надградба во склоп на постоечката гимназија во соработка со Министерството за образоваие, но од тој проект ништо не се реализира. Сасега нема проект од Министерството за образование и наука, но градоначалникот има план да најде некој начин да се изградат училници, мора да се најде некој начин, рече Назми Даути раководител на Секторот за јавни дејности при Општина Тетово.

Тетовската гимназија Кирил Пејчиновиќ се уште е единственото училиште во Тетово каде децата од различна националност учат во одвоени објекти.

Извор СП