Таравари призна дека преговара, но засега не добил понуда за влез во Влада

0
19

Новиот лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари по изборот на вонредниот конгрес во Тетово, рече дека политиките на партијата остануваат исти, а воедно тоа се однесува и на евентуалното учество во Владата. На новинарските прашања по изборот тој рече дека Алијанса за Албанците не води преговори за да биде дел од владината коалиција.

-Нема нешто конкретно. Не би сакал нешто да дезинформирам. Дека имаме контакти, тоа е неспорно, меѓутоа дека немаме нешто одлука и тоа е сигурно. Мене ми треба да има органи на партијата, тела на партијата затоа ќе се обидам да се одржи што побргу Собранието на партијата за да го избереме и Централното претседателство, како би функционирале како што треба, рече Таравари.

Комуникација редовна има и канали на комуникација постојат, додаде, посебно меѓу нашите пратеници кои се секојдневно во парламентот и комуницираат едни со други.

-Не сме стигнати до министерски места, не исклучувам можност, меѓутоа засега нема таква понуда да речам. Но ви велам јас очекувам да се формираат партиските тела. Без тоа како да одлучува еден човек, посочи Таравари.

Наместо Комисија за организирање на конгрес кој бил составен од градоначалниците и нашите пратеници, потенцира, во иднина ќе се формира новиот состав на Централно претседателство. Воедно ќе се бира и претседател на Собранието на партијата.