Трагедија во тетовско: 16-годишно момче пронајдено мртво во Пена

0
29

16- годишно дете од Ново село, Општина Желино, утринава е пронајдено мртво во водите на реката Пена, во пределот кој води кон рекреативното место Бањиче.

„Денеска во 07.10 часот во водите на река Пена, на патот кон место викано „Бањиче“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го пронашле телото на малолетникот од Ново Село, општина Желино, за кој претходно неговиот татко Џ.Х.(46) пријавил дека на 21.12.2022 околу 16.00 часот од дома се оддалечил со патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки. Претходно, околу 02.20 часот, возилото било пронајдено во близина на угостителски објект на место викано „Бањиче“, соопштија од СВР Тетово.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.