Федерацијата за планинарство поднесе пријава за вандализирање на кулата на Титов Врв

0
22

Федерацијата за планинарство на Северна Македонија поднесе пријава до Секторот за внатрешни работи – Тетово за оштетување и опожарување на кулата на Титов Врв, објавија од федерацијата на својот Фејсбук профил.

Федерацијата за планинарство на Северна Македонија остро го осудува вандалството и уништувањето на кулата на Титов Врв. Со оваа неодговорна постапка и оштетувањето на симболот на препознатливост на планинарството кај нас, само се загрозува безбедноста на посетителите. Воедно, ве известуваме дека Федерацијата ќе го санира објектот и зависно од временските услови таа ќе се одвива етапно,“ стои во објавата на Федерацијата за планинарство на Северна Македонија

Кулата според планинарскиот клуб Аргентис Маунт е вандализирана во периодот меѓу 8 и 18 декември.

Според нивниот увид, запалена е една шперплоча и потоа со кршење сторителите се качиле од првиот кат на вториот кат. Со насилни удари од внатрешноста со помош на чекани искршени се десет прозорци.

Запален е агрегатот за струја од 3 киловати, со 10 литри бензин во него. Подоцна од запалениот агрегат е предизвикан и пожарот од кој изгорени се материјали и алати, кои биле во близината. При пожарот уништени повеќе предмети во планинарскиот дом.