Чајот на Шар Планина се помалку го има, наместо да се бере, се корне од корен

0
21
68 годишниот Душко Илиески од Тетово со својата сопруга, по нивното пензионирање голем дел од времето решиле да го поминуваат на планина.

Низ Шарпланинскиот масив, но и другите планински предели во земјава, претежно собираат чај, но и диви плодови.

Здравјето пред се, вели Илиевски. Физички сум подготвен, се рекреираме низ планината, собираме чај, а зеленилото и чистиот воздух ги искористуваме максимално.

Собираме чај за себе, за пријателите, но и продаваме вели Илиевски, кој го затекнавме како продава чај во тетовската населба Горна Чаршија.

„Собираме чаеви на Шара, Галичица малешевија, зависи од времето и сезоната. Исто и на Лазараполе одиме, цела Македонија ја поминуваме.Жената во пензија ми е, возен парк имам добар, здравјето ми се подобрува со оваа активност. Еднаш во четврток доаѓаме тука на пазар да продаваме. Цела младост се занимавам со физичка активност и сакам тоа темпо да го продолжам. Познати ми се планините, сум бил претседател на ловечко друштво 5 години. Пратиме и читаме литература, таа многу помага да ги запознаеме билките, односно чаевите постручно и интернетот исто така, читаме литература од соседните држави. Сите чаеви ги имам, се што има на наше поднебје. Имунитетот многу се зајакнува со чајот, јас тоа лично сум го почуствувал. Некој чајот го пие според традицијата на пример рускиот чај, потоа некој пие чај поради лековитост, зависи, некој сака да се релаксира со чајот. Од февруари се бере чајот ако го нема снегот, може само неколку месеци да нема берба на чај. Јагликата излегува прва, фантастичен лек е тој, Мечкиниот лук е многу здрав. Да бидат пензионери активни, шетањето, воздухот и зеленилото многу помагаат, мене многу ми помага“, вели Илиевски.

Народот вели Илиевски, не ја искористува доволно природата, напротив дел од нив и ја уништуваат. Нестручно го берат чајот од корен.

„Колку ја користиме природата, толку и ја уништуваме. Има начини како се бере чајот. Се уништува чајот на наше поднебје.На Шара се уништува највеќе планинскиот чај, нестручно се бере, се корне наместо стручно со ножички да се бере, да остане коренот за наредната година. Голем број од луѓето кои го берат, го собираат од корен го вадат, за наредна година не мислат.Сега одиме по други планини да собираме одреден чај, кој во минатото го имало на Шара во изобилство , а сега е уништен. И сега тоа задоволство, не може секој да го пружи да оди да собира чај на Галичица, треба гориво, возило соодветно, а тука сме го имале на Шара тој чај, значи уништуваме нешто што е наше,“ вели Илиевски

Апелира луѓето кои собираат чај да бидат повнимателни. Освен човечкиот фактор, голема штета на чаевите и другите плодови кои ги има на планинатата им нанесуваат и климатските промени, додава Илиевски.

 

извор сп