16 годишното момче загинало, откако неговата девојка го удрила со остар предмет и го фрлила во реката

0
26

17-годишна девојка од тетовското село Рогле, која вчера била со тинејџерот кој настрада на Бањиче кај Тетово и чие тело беше извадено од реката Пена, е осомничена дека го сторила убиството.На девојката ѝ е определен 30-дневен притвор

Девојката се сомничи дека со остар предмет го удрила момчето неколку пати по главата, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот.  Двајцата најпрвин започнале вербална расправија во автомобилот со кој пристигнале во пределот Бањиче.

Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд има барање за поведување подготвителна постапка против девојката за кои постои сомнение дека сторило кривични дело Убиство.

Од СВР Тетово велат дека девојката која го признала делото, определен и е притвор во траење од 30 дена

16-годишното момче вчера утро беше пронајдено мртво во водите на реката Пена, во пределот кој води кон рекреативното место Бањиче.

Потрагата по 16-годишното момче , траела 7 часа, а во неа беа вклучени тетовските пожарникари, полициски службеници и семејството на настраданиот.