Ранет припадник на затворската полиција во филмско грабнување на затвореник осуден за убиство

0
17

Неофицијално еден припадник на затворската полиција од КПУ Идризово е ранет доцна синоќа откако нивното возило било пресретнато и нападнато при транспорт на затвореник кој добивал лекарска помош.

Според првичните неофицијални информации, возилото на затворската полиција се движело кон затворот Идризово, кога засега непознати лица со друго возило им го пресекле патот, удриле во возилото во кое бил затвореникот и со огнено оружје се пресметале со припадници на затворската полиција.

При инцидентот, според информациите за кои чекаме потврда од МВР, ранет е еден припадник на затворската полиција, а притоа насилниците успеале да го одземат од полицијата и затвореникот, кој според сознанијата е осуден на 20 години затвор за убиство.

Повеќе детали за инцидентот очекуваме во текот на денот.