Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија над 4.500 – СЗО вели дека може да биде осумпати поголем

0
89

Ноќ исполнета со страв и неизвесност но и во потрага по најблиските со верба дека ќе слушнат добри вести. Голем број луѓе во Турција и Сирија ноќта ја поминаа под отворено небо по разорните земјотреси кои го погодија југоисточниот дел на Турција. Спасувачките екипи и во текот на ноќта не престанаа да трагаат по преживеани под урнатините и покрај временските неприлики проследени со врнежи од дожд и снег.

Бројот на загинати од силниот земјотрес на турско-сириската граница брзо се искачува, а според последните статистики во катастофалните земјотреси настрадале над 4.300 лица, но оваа бројка не е конечна бидејќи постојано пристигнуваат нови извештаи од различни области на двете земји.СЗО вели дека бројката може да порасне и до осум пати повеќе.

Во погодената област во Турција поставени се над 41. 000 семејни шатори, заедно со кујнски прибори, како и 300.000 ќебиња. Во земјата се пристигнати 2.660 луѓе од 65 земји кои веќе се распределени во спасувачката операција. Заедно со турските спасувачи се 13.740 луѓе. Ангажирани се над 600-тини кранови и 360 возила за да ги расчистуваат урнатините во обид да се најде преживеани.

Спасувачките операции во текот на ноќта се спроведуваа и во соседна Сирија каде се верува дека има стотици „заробени“ под урнатините, додека болниците и клиниките се преплавени со повредени.

Според Министерството за здравство и спасувачката организација Бели шлемови во Сирија загинале најмалку 1.400 луѓе. Претставникот на Постојаната мисија на Сириската Арапска Република во Соединетите Држави, Басам Сабаг, побара помош за неговата земја во справување со последиците од природната катастрофа, особено имајќи предвид што земјата претрпе многу изминатите 10 години со почетокот на граѓанската војна.

И докторите се во трка со времето со неколку фактори на нивниот пат сега. Недостатокот на вода и кислород се критични бариери за преживување.. Секој возрасен губи до 1,2 литри вода дневно.

„Тоа е урина, издишување, водена пареа и пот, доколку ги има. Во моментот кога се изгубени околу осум литри, тогаш човек станува критично болен“, велат медицинските лица.

Дополнителен проблем се временските услови. Суровата зима и студ не се намалува.