ВИДЕО | Снимка од моментот кога фудбалерот Атсу беше извлечен од урнатините

0
27

Репрезентативецот на Гана, Кристијан Атсу кој сега настапува за Хатајспор имаше голема среќа и беше извлечен од под урнатините во катастрофата во Турција.

Веднаш по извлекувањето Атсу беше префрлен во најблиската болница, но според информациите иако имал проблеми со дишењето е во добра состојба. На социјалните мрежи сега се појави и видео од неговото извлекување.

30-годишниот Атсу во кариерата која ја запична во Порто настапуваше уште за: Рио Аве, Челси, Витесе, Евертон, Бормут, Малага, Њукасл и Ал Ријад од каде што дојде во Турција. Репрезентативец на Гана е од 2012 година и собра 63 настапи.