Возрасна жена извлечена од под урнатините по 212 часа од земјотресот во Турција

0
55

Седумдесет и седумгодишната Фатма Гунгор е извлечена од под урнатините по 212 часа од разорниот земјотрес, пренесува ТРТ. Таа беше спасена во градот Адијаман и пренесена на болничко лекување.

Според најновите податоци, во разорниот земјотрес во Турција животот го загубија 35.418 лица, а во Сирија најмалку 5.800 луѓе. Речиси 100.000 се повредени. Близу 20.000 од повредените се наоѓаат на болничко лекување.