Земјотрес ја погоди Албанија, почуствуван и во Македонија

0
25

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според рихтеровата скала вечерва, во 18:43 часот е регистриран во централна Албанија.

Епицентар бил во Белш на 24 километри од градот Елбасан и на 9 километри од Љушња, на длабочина од 2 километри.

Засега нема информации за причинета материјална штета, освен што предизвикал вознемиреност кај населението.

Потресот со послаб интензитет е почувствуван и во други градови во Албанија, но и во западниот дел на Северна Македонија