ИСТРАЖУВАЊЕ – ВО МИНИСТЕРСТВОТО НА ГРУБИ ЛАНИ ЗА ХОНОРАРИ ИСПЛАТЕНИ 160.000 ЕВРА

0
16

Министерството за политички систем на Артан Груби годинава има буџет од 4 милиони и 300 илјади евра или 4 пати повеќе пари од касата на Антикорупциска комисија и Финансова полиција. Сторијата која ја објавува БИРН под наслов „Скриени хонорари во министерството на Артан Груби“, открива дека во министерството се веќе  вработени 354 луѓе. Но, Груби годинава тимот го зголемува за уште 69 ново вработени. Сепак, и овие се малку, па преку авторски агенции за 1 година ангажирал дополнителен кадар надвор од вработените, за хонорар од 22 илјади денари до преку 300 илјади денари месечно.

На овој начин за хонорари во 2022-ра година, БИРН пресметале дека министерството на Груби исплатило околу 160 илјади евра.

Иако побарале, од БИРН, не успеале да добијат податоци за луѓето што биле ангажирани.  Во дописите нема опис зошто се ангажирани лицата. Наведен е само износот, а во описот на фактурата пишува „договорци“.

БИРН пишува и дека Груби плаќал и за консултантски услуги. Само преку една агенција за една година биле исплатени 7600 евра.