НЕВЕРОЈАТНО: МЕХМЕТ И МУСТАФА И ПО 12 ДЕНА СПАСЕНИ ОД ПОД УРНАТИНИТЕ ВО АНТАКИЈА

0
38

Мехмет Али Шакироглу (26) и Мустафа Авџи (34) спасени се од под урнатините на зграда во Антакија, Хатај, јави Анадолија.

Екипите работеа на урнатините од приватна болница во подрачјето на Одабаши. Двајцата мажи се спасени откако беа заробени под урнатините 261 час.

Тие се пренесени во болница.

Мустафа Авџи, на кого прва помош му е укажана во мобилната болница во Хатај, телефонски разговараше со својот брат со помош на полицаец.

Го прашал својот брат за неговото семејство и дали се сите спасени.

Бариш Пиребаш, шеф на координацијата за пребарување и спасување на локацијата на последното спасување, рече дека слушнале звук под урнатините.

„Слушнавме звук. Веднаш влетавме“, рече Пиребаш.

Шакироглу (26) и Мустафа Авџи (34) се извлечени од урнатините.

Тој истакна дека разговарал со Шакироглу кој му рекол дека е гладен.

„’Ми дадоа храна, повторно заспав. Се разбудив, бев гладен и ти дојде.’ Не знаеме дали го кажа тоа во состојба на шок, дали тоа беше сон за храна или негова сопствена фикција“, рече Пиребаш.